17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од Втората светска војна, во близина на пристаништето Шчечин.

Бомбата „толбој“ тешка 5,5 тони и долга шест метри била пронајдена за време на работа на водовод кој води до Шчечин.

Бомбата која имала разорна моќ во домет од 10 километри е најголемата бомба од Втората светска војна пронајдена во Полска.