20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ослободен пратеникот од опозицијата во Венецуела

Пратеникот од опозицијата во Венецуела, Едгар Замбрано, кој беше ослободен од притвор четири месеци по неговото апсење под обвинение за предавство, рече дека овој потег е резултат на јавниот притисок, а не во знак на добра волја на претседателот Николас Мадуро.

Врховниот суд му нареди на судот во Каракас „веднаш да го ослободи“ Замбрано, иако го остави случајот отворен.

Тој ќе треба да се јавува пред судот на секои 30 дена и му е забрането излегување од земјата.

Венецуела се наоѓа во длабока политичка криза од јануари кога лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо повика на протести затоа што смета дека реизборот на Мадуро е нелегален.

Владата на Мадуро, која Гуаидо го нарече американска марионета, го симна парламентарниот имунитет на многумина пратеници од опозицијата и нареди нивно апсење.

Спонзорирано: