Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Мајкл Пенс повтори дека Америка е подготвена за војна

фото Pixabay

Потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, рече дека американската војска е подготвена да одговори на нападите врз саудиските нафтени објекти.

„По неиспровоцираните напади овој викенд врз серија нафтени полиња во Саудиска Арабија, ве уверам дека сме подготвени (за воена реакција)“, рече Пенс, зборувајќи во експертскиот центар „Херитиџ фондејшн“ во Вашингтон.

Тој истакна дека САД ќе се заштитат себеси и своите сојузници во Персискиот Залив, додека нападот врз американските сојузници и светските снабдувања со нафта ќе пропадне.

Според него, Вашингтон „ги проучува сите информации“.

„Ние се консултираме со сојузниците и претседателот ќе утврди какви акции е најдобро да се преземат во наредните денови“, додаде Пенс.

„Америка е подготвена да ги заштити своите интереси“, рече Пенс.

Тој повтори дека САД се „подготвени за војна“, како што рече Трамп порано.

Потпретседателот соопшти дека државниот секретар Мајк Помпео отишол во Саудиска Арабија за да разговара за нападот врз нафтената инфраструктура на Кралството.