Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Рекордно производство на гас во Русија

Производството на гас во Руската Федерација во 2018 година е зголемено за околу пет проценти во однос на претходната година, на 725 милијарди кубни метри, што е рекордно производство во последните 18 години, покажуваат податоците на руското Министерство за природа.

„Што се однесува до производството, првото место го делиме со САД“ рекол министерот за природа Дмитриј Кобилкин.

Резервите на гас од сите категории во Руската Федерација, се проценуваат на 73 илјади милијарди кубни метри.

Можеби ќе ве интересира

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 20 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ПОСИЛНА ЕКОНОМИЈА – Како владините мерки за раст на приходите можат да го подобрат животниот стандард?

ДЕСК