8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Шпанија разбиена мрежа за криумчарење луѓе и дрога, уапсени 29 луѓе

Шпанската и француската полиција, со поддршка од Европол, разбија голема криминална мрежа вмешана во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и тговија со дрога, а пристоа се упасени 29 луѓе, пренесува „Спутник“.

Организираната криминална група ги таргетирала малолетниците без придружба во прифатните центри во Шпанија. Тие ги поттикнувале малолетниците да избегаат од центрите и да тргнат на опасно патување кон Западна Европа, соопштуваат од Европол.

Како што се наведува, криминалната група користела регрутери од различни земаји за таргетирање на мигрантите со различно потекло (Алжирци, Мароканци, Сиријци и граѓани од Мали). Нелегалните мигранти биле превезувани од шпанското пристаниште Алмерија во Франција со автобуси во сопственост на компании од Франција, Мароко и од Шпанија.

Криминалната група ги користела автобусите и за криумчарење хашиш, тутун и заловени животни кои биле сокриену во посебни отвори за криумчарење во возилата.

Истрагата почнала со апсење на еден шпански државјанин во Франвија кој возел автобус со 22 нелегални мигранти, од кои шест биле малолетни. Добиените информации покренале голема истрага во Шпанија со која е откриена криминална мрежа на чие чело наводно е главниот адмиистратор на една од автобуските компании, државјанин на Мароко.

Операцијата резултирала со апсење на 26 осомничени во Шпанија и 3 во Франција, претрес на 14 куќи и со заплена на 33.000 евра, повеќе од 200 кг дрога како и разни документи и компјутерска опрема.