Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддрша за протестот на лекарите

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) го поддржува јавниот протест кој ќе се одржи во среда на 18 септември, инициран од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

„Медицинските сестри и акушерки како и другите здравствени професионалци кои се жртви на насилство не се одговорни и не се криви за насилството кое што го преживеале. Било какво насилство нема оправдување е недозволиво и претставува кршење на основните човекови права и треба да биде казниво за лицето кое го починило. Ние кои се грижиме за Вас, ги почитуваме вашите права, ве слушаме и разговараме со Вас, 24 часа се грижиме и ве негуваме, се обидуваме да ги разбереме луѓето од сите возрасти, вери и култури“, велат од ЗМСТАМ.

Од таму велат дека најостро го осудуваат агресивното однесување и нападите врз лекарите.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК