12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Унгарија не ѝ дозволи на Украина на присуствува на самитот на НАТО

Поради несогласувањата со Унгарија, официјален Киев не доби покана за присуство на самитот на НАТО во Лондон, соопшти украинскиот вицепремиер за европски и евроатлански интеграции, Дмитриј Кулеба, пренесува „Спутник“.

Кулеба наве дека на Киев е лишен од можноста за соработка на највисоко политичко ниво со Северноатлантската алијанса зашто соработката со НАТО им ја блокира Унгарија.

Тој нагласи дека овој проблем сегашпната власт го наследила и дека засега прашањето не е решено. За НАТО да ги покани претставниците на Украина на самитот во Лондон, алијансата треба да постигне консензус, но Унгарија не го менува својот став.

За потсетивање, официјална Будимпешта бара на задкарпатските Унгарци да им се врати правото на школување на свој јазик.

Украина ја обвинува Унгарија дека се обидува на направи своја енклава на украинска територија. Украина е незадоволна и поради тоа што Унгарија им издава свои пасоши на припадниците на унгарската заедница во Украина.

Во октомври минатата година, украинското МНР го прогласи унгарскиот конзул во градот Берегово за персона нон грата и му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата. Унгарија за возврат го протера украинскиот конзул во Будимпешта и се закани дека ќе ја блокира интеграцијата на Украина во ЕУ и НАТО.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Украина дека спроведува екстремна кампања која ја поттикнува омразата кон задкарпатските Унгарци и негираше дека унгарскиот конзул го прекршил законот.

Во Шпанија разбиена мрежа за криумчарење луѓе и дрога, уапсени 29 луѓе

Спонзорирано: