6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Турција погодена од силни земјотреси

Два силни земјотреса утринава биле почувствувани околу главниот град на Турција.Првиот земјотрес бил регистриран во 9 часот североисточно од престолнината Анкара, со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од Анкара, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.

Три минути подоцна бил почувствуван посилен земјотрес во истиот регион, а неговата јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од четири километри под земјата. Нема информации за повредени, жртви или за предизвикана материjална штета.

Спонзорирано: