3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Илјадници луѓе во Барселона маршираа за независност на Каталонија

Илјадници луѓе се собраа денеска на големиот градски плоштад во Барселона, на денот на главниот празник во Каталонија, барајќи независност од Шпанија, само еден ден пред изрекувањето на казната за дванаесетте лидери на сепаратистичкото движење.

Демонстрантите за независност на Каталонија пристигнаа од сите делови на оваа покраина, а во Барселона се вееја занамиња во знак на поддршка за отцепување од Шпанија.

11 септември се слави во спомен на освојувањето на Барселона во 1714 година, во шпанската Војна за наследство. Од 2012 година овој празник се одбележува со масовни демонстрации на приврзаниците за отцепување на покраината.

Дванаесетте лидери на Каталонија, кои во 2017 неуспешно се обидоа да ја одделат Каталонија од Шпанија, чекаат пресуда на Врховниот суд за нелегален обид за отцепување.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 година се одржа референдум за независност и покрај противењето на централната власт во Мадрид, а потоа на 27 октомври беше прогласена независност поради што владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој ја суспендира автономијата на овој регион.

Спонзорирано: