Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Кина се закани зашто Германија го прими организаторот на протестите во Хонгконг

Кинеските власти, денеска, официјално го повикаа германскиот амбасадор во Пекинг и се закаканија со негативни последици врз односите меѓу двете земји по средбата на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, со лидерот на протестите во Хонгконг, Џошуа Вонг.

Кинескиот амбасадор во Берлин, Ву Кен, посочи дека Пекинг го изразил своето длабоко незадоволство од, како што рече, овој инцидент, мислејќи на средбата меѓу Мас и Вонг.

Германското МНР во меѓувреме потврди дека нивнинот амбасадор бил повикан на состанок во кинеското Министерство за надворешни работи.

Ву рече дека кинеската влада во неколку наврати побарала на Вонг да му биде забранет влез во Германија.

Џошуа Вонг, лидерот на антивладиното движење во Хонгконг, денеска во германската влада во Берлин јавно ги осуди полициското насилство и злоупотребата на службената должност за време на актуелните повеќемесечни демонстрации во овој полуавтономен кинески регион, јавуваат светските агенции.

Од германската влада тој побарал да ги прекине трговските разговори со Кина сè додека на дневен ред не се стават прашањата за човековите права.

Лидерот на протестите во Хонгконг посочи и дека на средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во понеделникот, ги искажал сите свои барања, што Кина остро ги критикува.

Вонг е во посета на Берлин по покана на весникот „Билд“.