7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Татко и 2- годишната ќерка загинаа на автопат во Хрватска: Семејството завиено во тага, мајката одбива да зборува

Во тешка несреќа која се случила вчера на автопат во Хрватска, каде автомобил со германски регистарски таблици излетал од патот и се запалил, а на лице место загинале Јосип Живиќ и неговата 2- годишна ќерка.

Јосип дошол со ќерка си кај своите родители, а потоа тргнале да ја земат и неговата сопруга која пак била кај нејзините родители кои живееле неколку улици подалеку.

На пат кон нив, Јосип излетал од патот, по што автомобилот се запалил.

„Тие веќе 4 години живеат во Германија. Јосип е там,у шофер го опшреми и станот, се направи за семејството да му биде убаво. Девојчерто го сакаше повеќе од себе си, не знам што се случи и зошто излетал од патот“ раскажал таткото на Јосип.

„Злато на баба, како сега јас да продолжам без неа, кога си замина ме бакна и рече бабо јас пак ќе дојдам“ се присетила мајката на Јосип.

И во семејството на сопругата на Јосип владее болка и тага.

„Мило мое, требаше да дојде д ја видам, мојата Сузана не разговара со никкого, во болница е, а кога и да ја прашаат нешто докторите, таа не одговара, само немо ги гледа. Се плашам за неа“ рекла мајката на Сузана.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, полицаецот кој бил меѓу првите кои пристигнале на местото на несречата останал во шок.

„Тоа што го видов е премногу тешко за мене, а камо ли за вас“ рекол тој тажно на новинарите.