6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТСПОРТИЗБОР

Трамп: Мировниот договор со талибанците е откажан

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа тајниот состанокот, кој требаше да се одржи со талибанците и авганистански претставници во Кемп Дејвид. Тој на Твитр напиша дека состанокот е откажан поради нападот на талибанците во Кабул во кој во четвртокот беа убиени 11 луѓе, вклучително и еден американски војник.

Трамп наведе дека ги откажал мировните преговори и се запраша кој би убил толку луѓе за да ја зајакне својата позиција во преговорите. Трамп нагласи дека ако талибанците не можат да го почитуваат примирјето за време на преговорите, тогаш тие најверојатно немаат моќ да постигнат мировен договор.

Нападот се случи во моменти кога САД и талибанците се надеваа дека се близу до постигнување мировен договор.

Спонзорирано: