6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Разбиена криминална група во Италија која финансирала тероризам

Десет луѓе се уапсени во италијанската провинција Абруко, поради даночен криминал и перење пари, а постои сомневање дека делата биле направени за да се финансираат исламски екстремистички групи.

Инспекторите на денешната прес-конференција соопштија дека осуммина Тунижани и двајца Италијанци се осомничени дека финансирале активности со „огромни суми пари“, а кои биле поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.

Според обвинителите, уапсените лица, меѓу кои и имамот на џамијата Дар Асалам во близина на градот Терам и еден италијански сметководител, ги користеле парите собрани од затајување данок за да финансираат екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.

Властите велат дека сите 10 лица кои се приведени се под истрага за наводно перење пари во терористички цели.

Спонзорирано: