20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Да не бев јас бројот на жртвите од ураганот Доријан ќе беше поголем

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бројот на жртвите од ураганот Доријан на Бахамите би можел да биде поголем ако не била неговата помош, пишува „Индепендент“.

Трамп му се заблагодари на премиерот на Бахами, Ибер Минис, за неговите „прекрасни зборови“, дека без помошта на САД и американскиот претседател, бројот на жртвите би бил многу поголем.

Лидерите на Бахами веруваат дека исчезнати се стотина или можеби илјада луѓе, додека официјален број на жртвите и натаму е 43.

Во налетот на ураганот некои делови на Бахамите се целосно срамнети со земја, а некои исчезнале под морето. Доријан ги погоди Бахамите како ураган од петта категорија со удари на ветрот и до 185 километри на час.