23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жртви при експлозија на автомобил бомба во Кабул, целта биле странски сили

Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени кога автомобил бомба експлодира во центарот на Кабул.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, пренесуваат светските агенции.

Експлозијата се случи во реонот Шаш Дарак, каде што е лоцирана и авганистанската разузнавачка служба Национална дирекција за безбедност.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, рече дека цел на нападот бил конвој на странски сили во центарот на главниот град, а тој тврди дека во нападот се уништени три возила, односно дека загинале 12 странски и осум члена на авганистанските сили.

Меѓутоа, авганистанката влада ги отфрла ваквите тврдења и вели дека во нападот нема загинати странци.

Ова е втора експлозија што ја потресува престолнината на Авганистан за само неколку дена. Во понеделникот во самоубиствен напад на талибанците во Кабул беа убиени 16 лица, а 119 беа поврдени.

Нападите се случуваат додека САД и талибанците преговараат за повлекување на американските војници од Авганистан. Во Авганистан во моментот се распоредени од 13.000 до 14.000 американски војници.