17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Секој шести средношколец во Црна Гора е на седативи, според „Јувентас“

Во Црна Гора секој шести средношколец е на седативи. Речиси 17 проценти од средношколците изјавиле дека користат лекови за намалување на стресот, опуштање на мускулите, напнатоста или за лекување несоница од домашната аптека, меѓу кои „ксалол“, „дијазепам“ и „бенседин“, а 75,5 проценти од младите пробале алкохол, велат од „Јувентас“, пишува „Дан“.

Секој шести средношколец зема лекови за смирување „ксалол“, „дијазепам“ и „бенседин“ за да ги надмине училишните проблеми, стресот и насилството, покажало истражувањето на невладината организација „Јувентас“ во рамките на проектот „Со знаење до здравје“.

Истражувањето исто така покажа дека 38,1 средношколци биле изложени на стрес секојдневно или неколкупати во текот на неделата.

Учениците од првиот, вториот и од третиот клас посочуваат дека голем проблем е насилството од врсници, кое најчесто се случува во самата институција или во нејзина близина.