17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венецуела ќе одржи воени вежби на границата со Колумбија

Вооружените сили на Венецуела ќе одржат воени вежби на границата со Колумбија, изјави во вторникот претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува ТАСС.

„Наредив да се одржат воени вежби по должината на западната граница на 10-28 септември“, рече Мадуро во говорот што беше пренесен на „Твитер“.

Мадуро исто така нареди да се зајакне безбедноста на границата со Колумбија.

„Им наредив на стратешката оперативна команда на венецуелските вооружени сили и на сите воени единици стационирани на границата да прогласат портокалов код за опасност поради можноста за агресија од Колумбија“, рече тој.

Минатата недела колумбиските власти ја обвинија венецуелската влада дека засолнила и им помагала на припадниците на милитантната група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои претходно најавија враќање на вооружениот отпор.

Каракас, пак, ја обвини Богота за засолнување луѓе што планирале да извршат бомбашки напади во Венецуела.

Спонзорирано: