14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Нов напад на руската база, соборени сите беспилотни летала

Руските системи за противвоздушна одбрана ги соборија сите беспилотни летала што се движеа во правец на воздушната база Хмејмим во Сирија, соопшти сириската државна телевизија.

Во Латакија се слушнаа експлозии поради активирање на системот за противвоздушна одбрана што пукаше во беспилотните летала на терористите.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека станува збор за две терористички беспилотни летала и дека за време на соборувањето не е направена материјална штета.