3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

До 2027 година руската армија ќе добие 423 хеликоптери

Според владината програма за оружје, руското Министерство за одбрана ќе добие 423 хеликоптери, изјави министерот за одбрана, Сергеј Шоjгу.

Шојгу прецизира дека програмата предвидува руската армија во периодот 2018-2027 година да добие 423 напредни хеликоптери.

„Досега вооружените сили добија 112 хеликоптери, од кои 58 се испорачани пред предвидениот рок“, истакна Шојгу.

На списокот има 96 борбени хеликоптери „ми-28НМ“, рече тој.

Тој додаде дека производителот на хеликоптери се согласил значително да ја намали цената.