8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Изгласан законот со кој се блокира брегзит без договор со ЕУ

Британските пратеници го изгласаа законот со кој се блокира брегзит без договор со Европската Унија. Ова е нов тежок пораз за премиерот Борис Џонсон.

Законот за блокада за „тврд брегзит“ помина со 327 гласови „за“ и 299 „против“.

Претходно пратениците во првото гласање го поддржаа нацрт-законот за блокирање на брегзит без договор со 329 гласа „за“ и 300 „против“.

Носењето на законот може го присили премиерот да побара продолжување на рокот за брегзит по 31 октомври, доколку не се постигне договор со ЕУ.

Џонсон, сепак, предупреди дека ќе побара итно гласање за предвремени избори ако законот помине.

Спонзорирано: