6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски „су-25УБ“ падна во Северен Кавказ

Руски авион „су-25УБ“, кој без оружје полетал од аеродромот „Будиновск“, паднал во изолиран предел на Ставрополскиот Регион во Северен Кавказ, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Спутник“.

„Авионот падна во ненаселено место. Нема материјална штета во околината, но авионот е потполно уништен“, се наведува во соопштението од војската.

Во потрага по двајцата пилоти што се катапултирале полетал хеликоптер. Нивната судбина засега е непозната.

Армијата исто така привремено ги суспендира сите летови на „су-25“ во јужна Русија додека не се дознае причината за денешната несреќа.

„Су-25УБ“ је школски авион со две места, кој се користи за тренинзи на пилотите, но може во полн обем да изведува и борбени задачи.

Спонзорирано: