18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

НАТО и САД разговараа за актуелните безбедносни прашања

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одржаа средба на која дискутираа за безбедност, информира шефот на алијансата.

„Одлична дискусија со секретарот Помпео. НАТО во целост ги поддржува напорите за постигнување мир во Авганистан. Ги осудувам ужасните напади, а НАТО останува посветен на поддршата за силите на Авганистан“, напиша Столтенберг на „Твитер“ по средбата.

Од друга страна, Помпео изјави дека секогаш е добро да се биде во контакт со Столтенберг и да се разговара за многуте прашања во врска со НАТО.

„САД стои рамо до рамо со НАТО за да се справи со безбедносните предизвици“, тој напиша на „Твитер“.

Помпео одржа и засебна средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

„Со големо задоволство му посакуваме добредојде на секретарот Помпео во Европскиот парламент. Пријателска и корисна средба преку која заеднички се соочуваме со предизвиците. Европскиот парламент е подготвен“, вели Сасоли.

За време на дводневната посета на Брисел, тој се сретна со лидери од НАТО и ЕУ со цел да дискутираат во врска со трансатлантската соработка во врска со економските и безбедносните прашања.

Помпео во понеделникот се сретна со претседателот на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен.

„Со задоволство го пречекавме секретарот Помпео во Брисел. Драго ми е што се запознавме и што имав можност да му кажам за трансатлантската врска меѓу ЕУ и САД“, изјави Лејен.

Спонзорирано: