3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан, кој се приближува кон Флорида.

Трамп рече дека е важно тој да биде во Вашингтон за да се справи со последиците од невремето.

„Нашиот најголем приоритет е безбедноста на американскиот народ, кој се наоѓа на патот на ураганот“, рече Трамп.

Тој додаде дека за својата одлука го информирал полскиот претседател Анджеј Дуда во четвртокот и му пренел дека планира да патува за Полска во „блиска иднина“, пренесува АП.

Трамп требаше да се упати во Варшава во саботата за да присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна.

Американскиот претседател рече дека наместо него, во Полска ќе патува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Спонзорирано: