11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Алексеј Гончарук нов премиер на Украина

Пратениците на врховната Рада го избраа Алексеј Гончарук за нов премиер на Украина. „За“ гласаа 290 пратеници, а за негов избор потребни беа 226 гласа, јавија локалните медиуми.

Триесет и петгодишниот Гончарук е адвокат, кој работи за администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно, тој бил на чело на невладина организација што се занимавала со реформите, а работел и како советник во Министерството за екологија.

Спонзорирано: