3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Осумгодишно дете со автомобилот на мајка си возело на автопат

Германската полиција соопшти дека осумгодишно момче го возело автомобилот на мајка си по автопат во западна Германија.

Локалната полиција информира дека добиле повик од мајката кога таа забележала дека нејзиниот син и „голфот“ исчезнале.

Момчето било пронајдено на попатно стојалиште на автопатот, при што ги вклучило сите трепкачи на возилото и поставило триаголник за опасност.

Според агенцијата, тој на полицијците им рекол дека запрел затоа што му станало непријатено на автопатот при брзина од 140 километри на час.

Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг и дека претходно вежбало да вози вистински автомобил на приватен имот.

Спонзорирано: