15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не запираше со пофалби: Што кажа Груевски за Катица Јанева (видео)

Во 2015 година зборувајќи за изборот на главен специјален обвинител односно за Катица Јанева, екс премиерот Груевски рече:

Би сакал да го изразам моето задоволство од изборот на специјален обвинител како и од постигнатиот договор за специјален обвинител. Исто така би сакал да кажам дека личноста која беше избрана, според моите информации станува збор за висок професионалец, која има меѓународни обуки во Италија, Америка и во други држави, според нејзиното CV укажува дека личност која е професионална, образована и стабилна која ќе може да се носи со оваа работа.

Оваа личност ќе ја има целосната поддршка од наша страна затоа што сакаме на транспарентен начин да си ја извршува својата работа и да ја заврши целата оваа процедура која е предвидена со новиот закон.

Видеото од изјавата на Груевски од 2015 во продолжение:

Спонзорирано: