13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанева стигна во Обвинителство: Се надевам со мојата изјава ќе се забрза истрагата за Рекет

Катица Јанева, прв човек на СЈО утрово стигна во Јавното обвинителство каде што ќе сведочи во врска со наводниот рекет кој го направиле Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Катица Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе поогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, а досега распит беше направен и на Зоки Кичеец и пензионерката која наводно примила 720 илјади евра од фирма на познат бизнисмен.

Спонзорирано: