Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Воезеле пијани, без дозвола и со нерегистрирани возила

Во текот на изминатиот ден (19.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Исто така, исклучени од сообраќај биле 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се седум пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои девет лица поминале со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола – СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

ДЕСК

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

ДЕСК