11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турскиот конвој со оружје влезе во Сирија

Турски конвој на оклопни возила со муниција влезе во Сирија и се движи кон Хан Шејкун, последното бунтовничко упориште до кое претходно стигна сириската армија како дел од нејзината офанзива, соопшти Министерството за надворешни работи на Дамаск.

Сириските државни медиуми пишуваат дека турските сили сакаат да им помогнат на бунтовниците во Хан Шејкун во борбата против офанзивата на сириската влада, нарекувајќи го делото агресија.

Министерството соопшти дека Сирија остро ги осуди овие потези на Турција и смета дека Анкара е „целосно одговорна за последиците од ова сериозно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, според ТАСС.

Додека Турција официјално не ги коментираше обвинувањата за конвојot, Дамаск предупредува дека „ова непријателско однесување на турскиот режим“ нема да влијае на офанзивата на сириската армија во Хан Шеjкун, сместена во Идлиб, покрај главниот автопат Дамаск – Алепо.

Спонзорирано: