11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанија нуди и „стоматолошки туризам“

Албанија не е само популарна туристичка дестинација, туку е на добар пат да стане посетувана земја и поради ниските цени на медицинските услуги, проценуваат албанските медиуми.

Премиерот Еди Рама ја поддржува оваа заложба и, пренесувајќи ги впечатоците на задоволните туристи, ја промовираше Тирана како главен град на „убавината и насмевките“, пренесува АТА.

„Со насмевките на бројните туристи кои ја избираат Албанија не само за одмор, туку и за посета на стоматолог, ви посакувам убава недела“, рече премиерот Рама.

Медиумите го наведуваат примерот на клиниката „Патувања и насмевки“ во Тирана, која на своите клиенти им нуди стоматолошка грижа и козметичка хирургија спроведена од, како што велат, најдобрите лекари по цени пониски од оние на конкуренцијата.

Туристите што ја посетуваат Албанија од медицински причини доаѓаат од различни западноевропски земји – Франција, Швајцарија, Белгија итн.

Спонзорирано: