6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата употреби солзавец на протестите во Хонгконг

Полицијата во Хонгконг се судри со демонстрантите на неколку локации во неделата, десеттата недела од протестот, објави Си-ен-ен.

Демонстрантите почнаа да се собираат во паркот Викторија, а од таму тргнаа во другите градски подрачја. Поточно, демонстрантите почнаа да применуваат нови тактики на проширување и дејствување во повеќе области, пренесува Би-би-си.

Во полициското соопштение се вели дека демонстрантите поставиле барикади на улицата Хенес, го блокирале сообраќајот и фрлале молотови коктели кон полицајците. Полицијата го осуди насилното однесување на демонстрантите.

Според полициското соопштение, полицијата ги советувала жителите од областа да останат во затворено и да не отвораат прозорци.

Протестите требаше да бидат мирни, но имаше судири со полицијата. Полицијата во неделата употреби солзавец во обидот да ги растера демонстрантите. Најмалку девет лица на возраст меѓу 17 и 59 години се повредени во судир меѓу полицијата и демонстрантите, соопшти Одделот за информации на Хонгконг.

Од девет, двајца се задржани во болница, а еден е во сериозна состојба.

Демонстрантите сега бараат поголема слобода, истрага за наводна полициска бруталност и друго. Според полицијата, досега се уапсени речиси 600 лица, а апсењата се поврзани со низа прекршоци, како што се учество во нереди, незаконско собирање, напад врз полицајци, се спротивставува на апсење и поседување оружје.

Спонзорирано: