Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл” нуди награда за хакерите од милион долари

„Епл“ им понуди рекордна награда од еден милион американски долари на професионалци за компјутерска безбедност, доколку можат да најдат начин за хакирање на „ајфон“, соопшти компанијата.

На годишната конференција за безбедност на компјутери „Блек Хет“ во Лас Вегас, „Епл“ ги повика експертите од целиот свет да побараат безбедносни „дупки“ во нивниот паметен телефон.

Наградата од еден милион американски долари ќе биде платена само доколку успеат да го хакираат „ајфонот“ од далечина, без директно да контактираат со телефонот. Досега, „Епл“ за ваковиот потфат нудеше награда од 200.000 долари.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Knox сега ги штити дисплеите со индустриски призната “CC“ сертификација

ДЕСК

Насоки за купување телевизор: Вашиот целосен водич за избор на совршен ТВ уред

ДЕСК

„Америка никогаш повторно нема да се откаже од Месечината“: НАСА најави база на Месечината и нуклеарна мисија на Марс

C +