17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД воведоа нови санкции за Венецуела, најостри досега

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде регулатива за замрзнување на целиот имот на владата на Венецуела во САД.

Извршната регулатива беше потпишана од Трамп и претставува многу повеќе од санкциите воведени во последните неколку месеци против венецуелската нафтена компанија ПДВСА и финансискиот сектор, но и од мерките против десетици венецуелски претставници, пренесува „Ројтерс“.

„Сиот имот и уделите во имотот на владата на Венецуела сместени во САД се блокирани и не можат да бидат пренесени, платени, пренесени, повлечени или на друг начин реализирани“, се вели во извршната регулатива што ја објави Белата куќа.

Забраната вклучува и забрана за американски компании и поединци да соработуваат со владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговите приврзаници, пренесува АП.

Според агенцијата, најновата регулатива ја става владата на Мадуро на списокот на кој веќе се наоѓаат Куба, Северна Кореја, Сирија и Иран, на кои веќе им се воведени „агресивни санкции на САД“.