11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Илјадници евакуирани, 12 лица хоспитализирани по експлозиите во

Дванаесет лица се хоспитализирани откако серија експлозии избувнаа во складиште со оружје во руска воена база во Сибир, предизвикувајќи масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри. Министерството за одбрана на Русија испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во воената база.

Експлозиите на муниција траеја околу 10 часа, откако пожар избувна на локации на кои се чувале 40.000 куршуми.

Локалните власти во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината.

Русал, најголемиот светски производител на алуминиум надвор од Кина ги евакуираше вработените во својата фабрика за алуминиум во областа Ашинск, која се наоѓа на околу 30 километри од воената база каде се случија експлозиите.