24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рохани го предупреди Трамп, војната со Иран е „мајка на сите војни“

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека војната со Иран е „мајка на сите војни“ и уште еднаш предупреди дека бродовите можеби не се безбедни во Ормутскиот Теснец.

Тој го изјави ова на државната телевизија, истакнувајќи дека мирот со Иран е „мајка на целиот мир“.

Рохани додаде дека ако САД сакаат да преговараат со Иран, тие мора да ги укинат санкциите, нагласувајќи дека на Иран мора да му се дозволи да извезува нафта.

„Не може Ормутскиот Теснец да биде слободен за поминување за вас, а Гибралтар да не е за нас“, рече Рохани.

Наводно, околу една петтина од светскиот транспорт на нафта е преку стратешкиот Ормутскиот Теснец.

Најновиот инцидент се случи во неделата кога иранската гарда заплени ирачки танкер со нафта, за кој рекоа дека шверцувал нафта и уапсија седум членови на екипажот по тој повод.