8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Подгорица: Авион доцнел 9 часа, патниците добиле по 7 евра за освежување

Авион на „Монтенегро ерлајнс“ по девет часа доцнење полетал синоќа од Подгорица за Цирих, а патниците од компанијата за време на чекањето добиле по седум евра за освежување или храна.

Авионот требало да полета во четвртокот во 12.30 часот од подгоричкиот аеродром, но поради технички проблеми полетал по 21 часот, пишува „Вијести“.

Летот бил неколкупати одложуван, а како што изјавија патниците, од компанијата добиле ваучер од седум евра за освежување и храна.

Спонзорирано: