11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Севернокорејски војник побегна во Јужна Кореја

Јужнокорејската војска притвори севернокорејски војник кој ја поминал утврдената демилитаризирана зона што ги раздвојува двете држави, соопшти генералштабот на Јужна Кореја додавајќи дека војникот планирал да побегне во Јужна Кореја.

Засега неидентификуваниот војник е прв што е откриен на уредите за термичко снимање додека се движел во близина на реката Имџин во средата вечерта.