23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два напада во Јемен, десетици загинати и повредени

Најмалку 32 лица загинаа, а дестина се повредени во ракетен напад на воена парада во Аден во Јемен, а во другиот напад на полицијата настрадале најмалку тројца полицајци, изјавија јеменските безбедносни и медицински извори.

Одговорност за нападот презедоа Хутите, кои, како што е објавено на нивниот канал, лансирале балистичка ракета со среден дострел и вооружен дрон.

Вториот напад врз полицајците бил извршен од страна на бомбаш самоубиец кој влетал со автомобилот во полициската станица во Аден во Јемен.

Меѓу повредените во овој напад има и тројца цивили.

Аден е седиште на јеменската меѓународно призната влада, која во судирите со бунтовниците Хути ги контролира Сана и поголем дел од северен Јемен.

Спонзорирано: