11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријава против уште еден скопјанец кој му се заканувал на Заев на “Фејсбук“

Полицијата поднесе пријава против 51-годишен скопјанец за закани упатени кон премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Како што соопшти МВР, секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В. Ч. (51) за објавена содржина на социјалната мрежа „Фејсбук“, со која повикува на насилство, односно сторено кривично дело по член 144, ст. 4 – загрозување сигурност и по чл. 394-г – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

В. Ч. на 31 јули бил повикан во Полициската станица Чаир и од него е одземен мобилен телефон. „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани што се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани, тие да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, се додава во соопштението.

Полицијата вчера поднесе кривична пријава против Д. Д. (46) од Скопје поради загрозување на сигурноста по чл. 144, ст. 4, предвидено и казниво според Кривичниот законик, и информира дека постапува по уште десетина вакви и слични случаи. Претходно, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 67-годишник од Скопје, кој на „Фејсбук“ објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот Зоран Заев.

Спонзорирано: