12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Преземени се мерки за распуштање на собранието

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека е договорено преземањето на потребните мерки за распуштање на собранието.

Харадинај по состанокот со лидерите на партиите од владејачката коаллиција изјави дека заеднички било договорено да се направат подготовките за распуштање на собранието, пренесе „Клан Косова“.

„По моето повлекување, сега е важно да се преземат мерки за народот да излезе на избори и да му се даде можност да одлучува за институциите. Уверени сме дека тоа ќе се случи навреме“, изјави Харадинај.

Тој истакна дека постои основа собранието да се распушти и да се одржат избори.

„Се согласивме да не губиме време и да ги координираме акциите за гласање за предлогот за распуштање на собранието“, изјави Харадинај додавајќи дека уште нема одредено конкретен датум за одржување на предвремените избори, пренесе „РТК2“.

Спонзорирано: