16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Хонгконг поведе обвиненија против демонстрантите

Повеќе од 20 демонстранти во Хонгконг се обвинети за предизвикување немири, што е најсериозно обвинување откако минатиот месец почнаа масовните демонстрации против контроверзниот закон за екстрадиција на осомничени во Кина, каде што демонстрантите велат дека сигурно ќе биде заобиколено фер судењето.

За појаснување, Хонконг е поранешна британска колонија, која денес има статус на специјален кинески административен регион.

Пред зградата на судот обвинетите беа поздравени од други демонстранти кои викаа во знак на поддршка.

Полицијата синоќа соопшти дека 44 лица се обвинети за предизвикување немири и дека едно лице е обвинето за поседување оружје.

Според полицијата, обвинетите поставувале блокади на патиштата, кршеле огради и сообраќајни знаци и ги нападнале полицајците со тули и метални преачки, пренесе агенцијата АП.

Само 23 обвинети лица се појавија денес пред судот и се ослободени со кауција, а изрекувањето на казната е закажанo за 25 септември.

Тие беа уапсени за време на неодобрениот протест во неделата кога полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите што ги блокираа улиците со сообраќајни знаци и чадори.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, призна дека работата на владата на законот за екстрадиција е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза, а протестите во оваа поранешна британска колонија прераснаа во демонстрација на општо незадоволство.

Спонзорирано: