26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еритреецот што турна дете под воз во Франкфурт бил баран од швајцарската полиција

Еритреецот обвинет за туркање на една 40-годишна жена и нејзиниот осумгодишен син под брз воз на главната железничка станица во Франкфурт во понеделникот утрото, претходно бил баран од швајцарската полиција, пренесува „Свисинфо“.

Порталот ги цитира локалните полицајци, кои велат дека 40-годишникот пристигнал во Швајцарија во 2006 година и добил дозвола за престој во 2011 година. Швајцарија е дом на повеќе од 30.000 Еритрејци, најголемата регистрирана дијаспора на која било земја.

„Кантоналната полиција во Цирих го бара уште од минатиот четврток кога ги заклучил семејството и една сосетка, на која ѝ се заканил со нож, а потоа избегал“, објави порталот, додавајќи дека семејството било ослободено од полицијата.

Обвинителите на Франкфурт, од своја страна, рекоа дека осомничениот им кажал дека допатувал со воз од Базел до Франкфурт пред неколку дена. Шефот на германската федерална полиција, Дитер Роман, пак, изјави дека осомничениот, според надлежните органи за азил, успеал успешно да се интегрира во Швајцарија и бил примерен граѓанин.

Портпаролот на Јавното обвинителство во Франкфурт, Надја Нисен, вели дека нема индиции оти човекот бил под дејство на контролирани супстанции додавајќи дека злосторството сугерира психијатриско нарушување.

„Во текот на истрагата обвинетиот сигурно ќе биде подложен на психијатриски преглед за да се овозможи процена на неговата кривична вина“, истакна таа.

Претходно, сведоците тврдеа дека мажот намерно ги туркнл момчето и мајка му под возот пред да се обиде да избега.