23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Николов: СДСМ вработува партиски активисти, дури и во болниците

СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување партиски активисти, кои потоа, наместо извршување на работата за која се платени, работат за партијата за време на избори, агитираат и собираат гласови, изјави Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. Тој пушти разговор од состанок во Прилеп, кој, како што рече, покажува дека СДСМ најбрутално политички ги злоупотребува, дури и болниците, играјќи си со животот на пациентите и со персоналот.

„СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели. Наместо во институциите, вработените од СДСМ во администрацијата работат за партијата. Од аудиоснимката, која е пуштена во интернет-просторот, се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп, и на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, на состанокот со нововработените во прилепската болница. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите нововработените како надомест за добиеното работно место мора да истрчаат за партијата на изборите. Во конкретниот случај треба да истрчаат за Стево Пендаровски. На снимката се слуша на каков начин се принудувани да гласаат граѓаните за Стево Пендаровски – со притисоци од страна на администрацијата“, рече Николов и пушти дел од снимката објавена на „Јутјуб“.

На ваков начин, рече Николов, работи и функционира СДСМ, а вработените во време на СДСМ, како надомест за своето работно место, мора да работат за СДСМ и Стево Пендаровски.

„Талески директно и експлицитно им кажува на вработените дека во текот на изборите, наместо на работата за која се платени во болниците, ќе треба да се посветат на партијата. Ова е начинот на кој функционира СДСМ за време на претседателските избори, ова е начинот на кој функционира СДСМ за време на секои избори“, рече Николов.

Додаде дека е потребна итна и неотповиклива оставка од Сугарески и итна реакција на Јавното обвинителство.

Спонзорирано: