11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Автобус слета од патот во Турција, повредени 25 туристи

Најмалку 25 лица беа повредени во Анталија кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка слета од патот и се преврте.

Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници биле префрлени во болниците во Кемер и во блискиот град Кумула, според „Анадолија“.

Приватната агенција ДХА објави дека повеќето од повредените биле од Полска и дека двајца се во лоша состојба.

Се наведува дека возачот ја загубил контролата над автобусот, иако причината за несреќата сè уште не е позната.

Спонзорирано: