19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голем пожар во Португалија, ветар и суша го отежнуваат гасењето

Ветар и суша го отежнаа гасењето на пожарот во неделата вечер, а кој во саботата избувна во планинскиот предел во центарот на Португалија каде што во пожарите во 2017 година загинаа стотина луѓе и 1.700 пожарникари беа вклучени во борбата против огнот.

Силниот ветар и температурите кои се искачија до 35 степени го разгоруваат огнот што пожарникарите го ставија под контрола во текот на денот.

Дванаесет цивили и осум пожарникари беа повредени во пожарите, а еден тешко повреден цивил беше евакуиран во Лисабон со хеликоптер.

Пожарот им се приближил на куќите во селата во близина на Мака (7.000 жители), а мештаните се обиделе да се одбранат со канти со вода и црева за полевање на градината, покажуваат телевизиски снимки.

Во 19:00 часот по средноевропско време цивилната одбрана испрати речиис 1.700 пожарникари, 480 возила и 23 противпожарни авиони и хеликоптери.