17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по заплената на танкерот со нафта во Ормутскиот Теснец. Со седницата треба да претседава британската премиерка Тереза Меј.

Според информациите, британските министри ќе расправаат за тоа како да се изнајде безбедна пловидба во овој регион.

Се очекува по седницата министерот за надворешни работи, Џереми Хант, да го извести Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена имперо“, што се случи во петокот, во добро обезбеденото иранско пристаниште.

Велика Британија разгледува повеќе опции за засилување на притисокот врз Иран, но официјални претставници наведуваат дека воена операција во моментов не се разгледува. Исто така, бара дипломатска и оперативна поддршка од своите клучни европски сојузници во инсистирањето Ормутскиот Тесенц да се задржи отворен за пловење.

Претходно Иран отворено ѝ се закани на Британија со ескалација на тензиите во Заливот, бидејќи британските официјални прететсвници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран.