6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во самоубиствен напад во Нигерија загинаа 30 фудбалски навивачи

Најмалку 30 лица загинаа при самоубиствен напад во селото Кондуга во областа Борно во североисточна Нигерија, а во селската сала следеле телевизиски пренос од натпревар, пренесе Би-би-си.

Во тројниот самоубиствен напад бомбаши самоубијци активирале експлозив пред селската сала. Во нападот, покрај десетиците мртви, повредени се и четириесетина.

Експлозивот бил активиран при обид за влез во салата, а по првата експлозија бомби, бил активиран и од страна на другите двајца бомбаши.

За нападот, властите ја обвинија милитантната исламска група Боко харам, која е основана во областа Борно.

Во судирите во Нигерија досега животот го загубија помалку од 30.000 луѓе, а околу два милиона беа принудени да ги напуштат своите домови во период од десет години.

Спонзорирано: