14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската полиција уапси едно лице за убиство на германски политичар

Германската полиција соопшти дека уапсила еден човек во врска со пукањето на политичарот Волтер Либке на почетокот на месецот.

Либке беше член на владејачката партија ЦДУ на Ангела Меркел и претседател на округот Касел, 100-ина километри североисточно од Франкфурт. На 2 јуни тој беше застрелан во главата од непосредна близина.

Либке претходно добил смртни закани од екстремните десничари кога ја поддржа одлуката на канцеларката Меркел од 2015 година да ги отвори границите на Германија за бегалците.

Властите рекоа дека 45-годишен маж бил уапсен овој викенд врз основа на ДНК-докази и воедно бил притворен. Според два германски весника, осомничениот бил поврзан со десничарски екстремисти.

Шест дена по убиството на Либке, еден човек бил уапсен, но подоцна ослободен без обвинение.

Спонзорирано: