20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Путин му подари сладолед на Џинпинг за роденден

Рускиот претседател, Владимир Путин, му подари руски сладолед на кинескиот лидер Си Џинпинг за роденден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Тас“.

Џинпинг денеска полни 66 години.

„Претседателот ја пофали улогата на Џинпинг во развојот на билатералните односи и укажа на неговата неодамнешна успешна посета на Русија“, рече Песков.

Џинпинг му се заблагодарил на рускиот претседател, додавајќи дека Путин е многу популарен во Кина.

Пред неколку години, кинеските бизнисмени кои учествуваа на Источниот економски форум му кажаа на Путин дека кинескиот народ многу го сакаат рускиот сладолед.