Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фрчат казни за брзо возење низ Скопје – Зошто 77 скопјани не ги почитувале знаците?

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без кацига и без возачка дозвола.

„Санкционирани 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина , 10 надвор од населено место и 67 во населено место. На прекршителите поднесени се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози“, соопштија од МВР.

Исто така, казнети се осум мотоциклисти кои возеле без заштитен шлем и тројца без возачка дозвола. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ СО ТВРДЕЊА ЗА ПРОМЕНИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Бара објаснување за одредбата за вториот столб

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

ДЕСК

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ ЈА ПРИМИ ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА МПЦ-ОА – Македонската црква ја нарече помесна црква со законска автокефалност

ДЕСК